momce makedonce

Dobrodošli na moj blog

15.10.2009.

Миг Лудило

Миг Лудило



Во прегратките на ноќта некаде далеку
Плачот на детето се изгуби

Копнежот за уште една месечина остана
Тлее како пепелта во огништето заборавено

Крадешкум една мисла заминува
Остана глува тишина во глува доба

Цинични насмевки сенките разнесуваат
Стравот од пламенот на свеќата го немаат

Дојде и тој кобникот гласникот на несреќи
Да колва длабоко во душата распарталена

Црниот гавран црна песна запеа
Патилата ги разбуди во оро ги поведе

Ни полноќ уште недошло тивок крик евего
Го бара времето изминато со лажни надежи

Миг чекор ли е потребен извика детето
За ова лудило да измине сонот да пристигне



Фрагменти од едно утро


Пред погледот
Дива ранета птица летна
Недосонуван отфрлен сон
Со јатото гракаќи замина
Остана мачната самотија

Правлив и рѓосан часовник
Ѕиркаше срамежливо во времето
Клатното сега сила немаше
Миговите празни го поразија
Празнотијата пајажините му ги подари

Крадецот на идни чекори
Горделиво пладнето го зароби
Таа мала и смрдлива лага
Утре ќебиде подобро
Се налепи на муграта тажна

Маглата леплива
Белината беше ја приграбила
Со мистичност и страв ја исполни
Благородник авет сега шета
Благослов со клетва кажува

Само кандилото остана
И три грама осветено масло
Зракот на надеш да го чуваат
Така сеќавањата ги буричкаат
Дарот од боговите што го оставиле

28.09.2009.

КЛЕТВА МАКЕДОНСКА

КЛЕТВА МАКЕДОНСКА


Род родила,Земја Македонска
Род родила,ах да би го запустила
Род родила,Земја Македонска
Род родила,ах да би го сотрела
Род родила,крик болка писнала
Што толку пизма ми сторивте
Што толку ме омрзнавте
Вие чеда мои,што ме газите што ме мразите
Што од рода се одродувате
Што од корен се откорнувате
И ветришта диви тука дуваа
И сонце пекол печеше, угар правеше
И дожд олуја беснееше
На деда прадеда ваш гроб не однесе
Етеја хумка црна пркос прави и ден денес
Што толку пизма ми сторивте
Што толку ме омрзнавте
Што толку од име свое се огадивте
Та да за два мангари ли ќе го продадете
Или со три алтани богати ќе бидете
Ако од блудница вавилонска ука земате
Скитници на векот ќе станете
Огниште за навек ќе ви згасне
Прагот змии поскоци ќе го лазат
Род родила ,Земај Македонска
Род родила,род проколнала
За навек ,за довек
Саде леб буѓав да јаде
Во душа мира да нема
На камен спила да спие
Дождовница вода да пие
За дом свој болка му гради да рие.

04.09.2009.

Договор со Смрта

Договор со Смрта


ovo je samo uvodni deo od raskaz,koju cu ga postavite na nekoliko delova
-Стрико Атанасе,ејј стирко-викаше детулево нешто посабајлина,ама како од бунар да му доаѓаше гласот,го слушав,ама ликата не му ја гледав,кога ги сетив тоа шлапатарките негови како ми ја дрмаат снагата силно тогај поарно погледнав и го видов пред мене-стирко атанасе ме гледаш или пак забега ти со паметот.
-Ами право да ти кажам,сум забегал,сум забегал страмота е да те лажам-му одговорив искрено на Благојчо Неделков.
-стрико,тебе некоја голема мака мора да те натиснала,шо вака секоја собајлина те гледам,ќе седнеш под дудинкава,ќе си ги наполниш градите со црни чемери,а мискојнава сива што ја пушташ од чемерот твој туку евеја на прозор кај мене,ќе се залепи и ме буди ранорано,
-ако сакаш и ти некоја драм од чемеров да ти свиткам-го прашав а тој само шеретски се насмевна и ме одби учтиво,а беше културно детулево,и школувано,и од домаќинска куќа му беше семката. -сполајти на понудата, исто како да сум земал, туку ај да си сркниме од кафево што ти го донесов,па после да ги растресиме заспаниве гради со по некоја капка од лудачава,е после што ќе прајме ќе прајме.
Го погалив родителски по косата,пробав да ја сокријам солзата која како некој скриен кодош да ми седеше во аголот на окото,па сега кога раката галеше,таа предавнички истрча да се покаже,не му избега меретната на оштрото око на Благоја.
-ти плачеш.
-не јас онака по старски си го замивам образот,ме мрзи да одам на чешма да се заплакнам,па ете одвреме навреме ќе прокапи по некоја солза која ќе ми ги турне гурелките залепени.
-Не не ти плачиш оти имаш некоја мака,ако не си арен,еве денес ќе одам вград па бујрум со мене,ќе те однесам на лекар,нека те прегледаат додека јас ги завршам сите работи,што велиш.
-остај ги настрана тие работи,арен сум арен сум,сум издржал и побетер од овие дни.ќе мине брзо исто како облачето што брза пред сонцето да не го изгори,ќе мине синко.
-како сакаш,само да не си ми во мисла,ај ќе те молам барем надве натри кажими што си ми така денес нареден со бигори.
-долга и широка е мојата приказна,синко,долга колку што се долги сите истечени води на Вардаров во Егејот,ете толку е долга ама и широка мојата приказна,оди ти денес бркај си работи,па кога ќе се вратиш,ќе ја опрајме тука под дудинкава,можеби за мене ова ќе биде уште една долга и непреспана ноќ,но барем нема да биде празна,ќе ја исполна вечерва проклетницата со многу зборој,ќе и ги истурам,па нека се јадосува таа,нека и таа малку налепи од чемерот мој,нека и таа малку офне во мугрите,нека и таа малку зацвика кога волкот ќе завија на полноќ.нека и нејзе и затрепери темнината кога ветерот ќе ги разбрка лисјето полускапани на триста страни,па затоа оди оди дете вршисиги твојте работи,па кога ќе се измориш,елај тука вечер под дудинкава,да ги исправиме сите криви друмој.
Го лизнавме,го шмркнавме кафенцето молчешкум,ја истуривме лудачата по градите да ни рија како аждаја,да копа по жоличките,да ископа уште некој заборавен спомен,па откако и тоа сврши,стана Благоја,се извини понизно,небаре со царот пелагонски муабетеше,и замина,замина детулево,а јас останав со мојата секојдневна друшка,ѕверот со сто лица,останав со мојата глува нодркса и безобразна самотија,денот некако почна да ми бега,а бегаше меретниот оти јас не го мерев времето,па затоа тој мислеше дека е секогаш предвреме,кога ќе се фатев за саатот е тогај ќе се сепнеше,и јас барабан со него рамо до рамо ќе застанев,ќе му сенасмевнев онака невино детински и ќе му речев на денот. -а кај одиш ти без мене,мислиш дека ќе најдеш некој подобар од мене,па тој ќе те направи поубав,тој ќе те направи повесел,абре будалетинко извејана,па зар несвати овде во оваа пустелија останавме само старци ,остарени недоквакани,доодени,знам знам дека сестрати ноќта е побогата од тебе,знам зошто се лутиш,навечер во оваа пустелија и малдежот се прибира,па така таа повесела од тебе со некоја скриена воздишча,со некој прв бакнеж,со по некоја сочна пцовка,те знам зошто си лут,и зото така бегаш од мене,туку ај што сум се расприкажал толку ,ај да се фатам на некоја работа,ај да те исполнам и тебе,ама ќе те молам да не се мрштиш ако видиш дека ја работам истата работа од вчера,префати овде однеси таму,немој да се мрштиш,или недајбоже ти текни како што си улав со паметот,па да ги викниш оније твојне ортаци,улајне ветришта,па тука да напраат како некни боиште невидено.ај сега одиси ти по патот што треба да си го издиш,кога ќе се измориш,поседи ај јас кроце кроце ќе те фтасам-си зборував секој ден така самиот со себеси,не ми беше важно дали денот ќе ме слушне,не ми беше важно дали ќе ме свати сериозно,ама јас си зборувам,ете некој старци од селово пуштија некој гласој дека натемаго паметот ми го зел,кога сум одел сум зборувал сам со себеси,дека ме воделе секој ден триста ѓаволи,дека сум одел по нивните улавштини,само некаги нека ломотат,ако не ломотат ќе онемат,устата ќе им испука од крастите молчеливи,кој секогаш доаѓаат кога ја држиш устата затворена повеќе од три дни,така велеше поп Цветко кога проповедаше,дека устата била за јадење и зборување,дека ако не била устата бадијала ќе ни биле сите наши мудрости,ќе немало кој наглас да ги прочита,да ги каже,којзнае,можеби и имаше право Цветко со неговата попска филозофија,ама понекогаш и немаше право,но селаните сепак го дослушуваа,оти бепе свет човек,оти тој само тој ја имаше таа привилегија,кога ќе влезеше во олтарот да прави муабет со Господа дирекни,Поп Цветко ќе му запееше и низ песна ќе му ги кажеше нашите маки,а дедо Господ милостив,ако земјата ни испукала,ќе ни пратеше некоја кашка дожд,дождот ќе ја навлажнеше земјата,амаи од нас ќе ги симнеше гадотиите,оти ние имавме обичај кога ќе заврнеше многу дожд,излегувавме сите кој кај стигне и се тријавме со сапуни,така преку алишта,со триењето,гледавме да го симниме сиот собран страв што беше се завлекол и во алиштата,ќе се тријавме со свинките сапуни,селото за миг ќе се исполнеше со бројни мали меурчиња кој се мешаа со капките и потоа исчезнуваа. Се тегнеше денот небаре ластик од коперација е донесен,ама не му давав мира,каде тој таму јас,тој чини еден чекор,јас напрај еден чеко,неговиот поголем,мојот помал,ама гледај чудо ако чекореше наголемо а јас со мали чекори,гваеешки еден до еден одевме.не ни забележав кога полека од планината се смкна мракот,кога ми натежна на плеќиве,се опулив поарно и видов дека е време да ја запалам електриката,светна лажната белина,светна и го осветли дворот,сега кога си ја донесов меселината во дворот,седнав изморено под дудинката и пак негде зафатив со паметот да шетам по некој убави спомени,кога се видов како пијам вода од кладенецот на стојановата чука,ми се врати силата,незнам дали од бистрината или од ладовината која ми протече низ градите,ама криљата ми пораснаа,не беа оние ангелски ако некој мисли,туку овие беа оние детски,бели убави и неиспраскани со ниедна животна гнасотија,на ниедно крило не беше налепила ни една туѓа пизма,па тие беа така лесни и брзи,да само што си посакал тие те однеле на место.

28.08.2009.

Плачот на вилонината

Плачот на вилонината


Плачеше вечерва пискаво виолината
Мирисот на темјан и босилек ја потикнаа
Ја свиреше тажно
Измислената романса од непознатиот виртоуз
Гудалото
Како нож кама ја параше ноќта
Од болката и ѕвездите ослепуваа
Богомилка на мост песна клетва запеа
Се кинеше тогаш границата тенка
Мечу сонот и јавето
Камена коцка од улицата се пробуди
Влезе во сонот песна со песна лелеава
Јавето проговори
Таму во гората има волчја свадба
Ќе ги украдам нотите од виолинава
Ќе се лизне тука млак ветар
Ордата ме чека на ледина
Ластовиците во цвркот пророчки сон раскажуваа
Ќе воскресне повторно виртоузот наш
Ќе пее долго додека полноќта ни избега
Искинатите сеќавања нема повеќе да бидат искинати.

20.08.2009.

Ехото на татнежот

Ехото на татнежот


Се скрши небото на половина
Од облаците протече подмолно пискање
Не тоа беше болката на птиците
Некои ја нарекоа ноќ на ѓаволите
Грешникот на каменот клекна
Сонот со игли го бодеше
Шест изглодани месечини блеснаа
Проѕирна сива виделина настана
Црната радост живи сенки роди
Кој сурово безгласно липаа
Недостижната ноќ кукавички избега
Само сонливите гласови во сон се прпелкаа
Повеќето молчеа отколку што шепотеа
На грешникот во темнина роден стрели отровни фрлаа
Те знаеме курвини сине
Од курвинско семе оплоден
Со горчливи мириси ли сега не мамиш
Пенливи вирови на омраза нудиш
Ехото на татнежот го донесе
Моли се сега ти
Молисе за земјата да не мириса на свеж гроб.



Смрта на стравот



Мангупи градски
Во мраков темен пукаат
Неконтролирано,збеснато
Стравот свој го стрелаат
На периферијата пуста
Губилиште тие тука направија
На два чекори
Гроб три прсти длабок му ископаа
Околу две бразди тргнаа
Две суводолици станаа
Ангелите дојдоа
Химната на стравот ја запеаа
Тогаш црните коски се видоа
Во гробот местото си го најдоа.



Стебло



Црно и труло стебло станав
Од пелин стебло израснав
Со сомневањата разни разлистав
Така суровиот студ го испраќав
Така мразови кршев
Така пролета ја дочекував
Копнеев по само една грутка сонце
Со копнежот за птица сонував
Напати на земјата грвовите и ги окајував
Ја молев за прошка
Зборовите јадосани ги истурав
Морав тогаш да ја раздиплувам ноќта
Ги распостилав ѕвездите
Итрица
Низ решето ѓаволско ги пушташе
Слаткиот шепот ќе го пратеше
Ќе легнев во нејасната
Недефинирана утроба на утрешнината
Ќе го заробев бесот на ветерот
Ќе ја припитомев здивената вода
Ќе ги слушав змиските карпи како пеат
Како ткаат на самовилскиот разбој
Руба невидлива со таинствени бои.




Рев душевен


Реви ранета душа
Од невидливоста се цеди живот
Под кожата остана малку надеж
Реви ранета душа
Со катинар зарѓан сака да го заклучи ревењето
Ревот ја натера
Јасиките и пролета да ја заборави
Темјанушките овенати да не ги види
Реви ранета душа
Самата на на себе си зборува
На мртвите им е сеедно
Ни камшикот на ветриштата не ги боли
Реви ранета душа
Глуви глуварчиња ревот го збираат
Привид и привиденија го земаат
На карпите варовник го лепат
Модрикавата тага на приквечерот
Го најде безимениот поток
Ги пушти уздите на времето
Го забрза со дрска брзина
Ревот го продолжи.



Аветна свадба


Запејте ветришта лути
Некој вечерва ќе ја земе смрта за невеста
Некој сонувал диви песни на свадбари
Земјата анот темен го отвори
Кркори гласот пригушен
Гладна е темнината зарем трпеза нема
Евеја ноќта се потпре со студени дланки
На оро се фатија дождовите и злокобните магли
Никој не ја знаеше молитвата
Ни птицата која исплашено треперееше
Не знаеше да кажи
Сурова судино поштедија младоста
Трошките на сомнежот мигот го сопреа
За волчјата песна просторот го прекрие
Прикриени срните плачеа со солзи невини детски
Никој не погледна во нив
Никој не ја виде топлината на животот
Запејте ветришта лути
Овде во камента клисура
И чекорите се проколнати.

15.08.2009.

На мојата срна

На мојата срна

Погледајго ова небо
Моја осамено срно
погледајго со твојот поглед
дај му само една мала надеж
знам дека си тука
некаде
дека е така ми кажа една осамена птица
ја слушам како ја пее песната
рече и тебе ти ја пеела истата
ја слушам на прагот
погледајго ова небо
моја осамено срно
погледајго и сетисе
го сакавме синилото пространо
го љубевме безгранично
дека е така
ми кажува една осамена темјанушка
слушнала како за твојата тага
три дни и три ноќи раскажувале капките дожд
плачеле идните мигови
погледајго ова небо
моја осамено срно
погледајго и дај му малку надеж



Таму далеку

Таму далеку
Каде ветриштата раскажуваат
Потоците слушаат
Таму
Таму лежи мојата мртва желба
Немам повеќе сила
Да патувам со моите празни сништа
Во премногу понори ме однесоа
Во премногу бури ме внесоа
Сета сила од мене ја исцицаа
Таму
Повторно да одам
Неможам
И овој облак над мене што стои
Нема гледам капки
И тој само со црнило се прекрил
Само страв на осамените птици им влева
Таму
Неможам да отидам
Денес
Којзнае можеби утре ќе одам
Којзнае можеби задутре кога и јас ќе бидам авет
Кога ќе бидам сениште
Таму ќе отидам



Ноќна дилема


Го слушам шепотот на еден осамен дамар
Зборува плачливо со глас детски
Ме моли
Перото да го земам
Премногу зборови збрал
Му тежат терет му прават
Малку и луто сега зборува
Ќе те проколнам
Зборовите ќе ти ги заробам
Со тишина ќе те заградам

Само дилемата ја имам
Дали повторно како некогаш
На брановите од инспирацијата да јавнеме
По светови разни да прошетаме
Тажалки да видими
Расплакани лица да опееме
Нечија мисла да украдеме

Еве парче сечам од дилемава
На зраков месечев го ставам

Нека го пушти на полноќ во реката од идеи
Нека се стопи
Нека се претопи
Ако го видиш како мисла убава
Зграбиго и на утрото пофалимусе

14.08.2009.

Celine Dion & Barbra Streisand - Music: ' Tell him'

31.07.2009.

Идеа благородна

Идеа благородна


Злобникот
Уште од дете го познавам
Со туѓите лелеци се хранеше
Солзите од другите со радост на дланката своја ги дочекуваше
Триумфално раката ја подигаше
Победник беше тогаш
Годините по долапите скржаво ги криеше
Неделите беа само во дневникот негов запишани
Деновите небеа достојни ни за броење
Го познавам добро
И јас ја видов идеата благородна
Дојде одникаде во главата негова
Го познавам добро
Во мигот тој смртно се преплаши
Рече во паника кога заминуваше од нас
Одам во најдлабоката пештера
Каде темнината е најгуста
Таму оваа проклетница ќе ја оставам
На некоја стена ќе ја заковам
Така нема повторно да ме најди
Се варти за три недели со коси побелени
Широката насмевка ја разлеа
Добро утро на сите ни кажа
Не покани на веселба голема
Првата недела беше тоа чинам
За животот со него сакаше да славиме
Злобата под дабот стар да ја погребеме.



Ронки на љубовта


Звуците на песната
Испеана од твоето грло
Сеуште одекнува во овој мој празен Петок
Првта нота ја слушнав во Недела
Пееше заедно со твоето утро
Знам пладнето беше љубоморно
Го повика дождот заедно да плачат
Потоците се лееја до касна ноќ
Се измори од музиката
Песната му ја подари на славејот
Евего тука на прозорот сега
Го хранам обилно
Тоа се трошки од мојата љубов
Омалаксува напати
Со дел од сонот го покривам
На крилцата
Една воздишка му оставам
Сила така му давам
Утре е Сабота
Уште еден ден на измачување
Ќеја чекам стрпливо Неделата
Заедно со мојот славеј
Твојата песна да ја слушнеме
Потоа повторно
Ронките на љубовта ќе ги растурам.




Фенер


Кога само еднаш
Ќе го слушнеш ритамот на моето срце
Ќе посакаш
Да го заиграш лудиот танц
Зарем повторно не слушаш
Моја малечка пеперутке
Која постојано леташ околу мене
Се плашиш да се доближиш
Небаре сум фенер
Застани само за миг
Направиго твојот познат
Лет во место
Ќе те милувам нежно
Со светлината од моите очи
Ќе те милувам
По твоите нежни криља
Застани
Ќе ти пуштам само еден зрак
Танцувај вечерва само за мене
Кога утрото ќе ја згасне светлината во мене
Ќе бидам само фенер во твоите спомени.

16.07.2009.

Tamu

Таму

Таму каде што тишината зборува
Таму душата молчи
Слуша за каменот што крвари
И срцето осамено го теши
Таму каде што гревовите горат
Таму ангелот молчи
Слуша за темнината што плаче
И окото немоќно гледа
Таму преку седум реки
Таму преку седум планини
Таму преку седум езера
За четириесет дена
За четириесет ноќи
Таму може да отиде само очајникот
Кој храбро како дон кихот по патиштата одел
На вистината слуга верен и бил
Таму товарот свој го остава
Таму смрта ја моли починка да му даде

Вечерва песна пишувам за Венера

Ме преплави ете сега инспирацијата
Нешто величенствено да содадам
Додека другарува со реката
Насекаде беше зеленилото
И шумот на тивките бранови
Со едеа само една силна чинам беше
Во небесите одлетав
Пространство големо е тоа
Некаде од длабочините
Венера глас прати
Ти кој пееш осамени песни
Ти кој пееш за животот и смрта
Вечерва сакам замене да твориш
Погледај сега
Нотите насекаде ќе ги расфрлам
Ти вешто собериги и подредиги
За најнежна и почетна нота
Прашајго твојот прв заљубен бакнеж
Тој ќе го одреди тиналитетот
Потоа пуштиго срцето нека зборува
Знаеш ти добро
Песна величенствена ќе се создаде
Ќе го направам тоа реков занесено
Но ти те молам
Бесмртна Венеро
Угушиго плачот на мојот осамен миг
Несакам
Несакам повеќе да го слушам звукот
На тажната солза
Преголема бука и тука прави.

04.07.2009.

Мисловен Дневник

Мисловен Дневник


Дневникот мој во писма ќе го преточам
Мислите со мастило црно напишани
Хартија беше тоа бела бела празна вчера
На времето ќе му ги испратам
Во архивата своја да ги стави
Го носев тоа мастило низ годините
Низ вените ми течеше деноноќно
Понекогаш кога самиот себеси се мразев
Вриеше и киптеше со бес невиден
Напати кога капилар ќе прснеше
Си зборував сам на себеси ете така истече бесот
Но тишината секогаш ме предупредуваше заканувачки
Не се радувај предвреме
Мислите што ти избегаа вчера
Не ги запиша денес причекај
Утре можеби ќе ти се вратат
Тие се пијавици големи
Во времето се залепени
Еве погледај ветерот како ги разнесува насекаде
Непрекинато те вијат и не ти даваат мир
Напиши сега ослободисе од нив
Благословот птичји така ќе го добиеш
Небото за ним мирно ќе биде
Ветриштатата смирени ќе си заминат.



Суета

Суетата да му ја нахранам
Побара од мене никаквецот
Кој титула звучна имаше
Посака така дрско и безобразно
Песна за него да напишам
За добрините негови
Во златна рамка ќе ја ставел
На ѕидот голем дома ќе ја ставел
Почесно место во домот мој
Рече одважно ќе имаш ти
Кој со перото мериш и премеруваш
Напишија песната
Со зборови милозвучни
Како ѕвон нека одзвонува во ушите
Навистина сакав да пишувам
Со погледот инспирацијата ја барав
Погледнав позади грбот негов
Три гроба видов таму
Седум згазени човечки судбини
Колона од свиткани грбови имаше
Ликовите не им се гледаа
Само шепотот нив се слушаше
Постојано името негови го повторуваа
Перото од рака ми падна
Сила немав да го кренам
Учтиво го одбив
Реков доволно сум богат
Мојот колега по перо е сиромав
Тој за пари секогаш пишува
Ќе ве пронајде по шепотот на безимените.


Stariji postovi

<< 10/2009 >>
nedponutosricetpetsub
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

MOJI LINKOVI

Moi Licni Sajtovi
www.cernodrimski.com
www.cernodrimski.hit.bg
www.cernodrimski.ucoz.ru
www.cernodrimski.blog.bg
www,makedonija.blogger.ba
www.nikodin.hit.bg
www.cernodrimski.ucoz.net
www.sajberpoezia.blog.com.mk

prijatelski sajtovi i blogovi
www.seljaksrba.blogger.ba
www.daki.hit.bg
www.slavkova.hit.bg

Preuzmi Besplatno

MOJI FAVORITI

BROJAČ POSJETA
015516

Powered by Blogger.ba