momce makedonce

Dobrodošli na moj blog

20.08.2009.

Ехото на татнежот

Ехото на татнежот


Се скрши небото на половина
Од облаците протече подмолно пискање
Не тоа беше болката на птиците
Некои ја нарекоа ноќ на ѓаволите
Грешникот на каменот клекна
Сонот со игли го бодеше
Шест изглодани месечини блеснаа
Проѕирна сива виделина настана
Црната радост живи сенки роди
Кој сурово безгласно липаа
Недостижната ноќ кукавички избега
Само сонливите гласови во сон се прпелкаа
Повеќето молчеа отколку што шепотеа
На грешникот во темнина роден стрели отровни фрлаа
Те знаеме курвини сине
Од курвинско семе оплоден
Со горчливи мириси ли сега не мамиш
Пенливи вирови на омраза нудиш
Ехото на татнежот го донесе
Моли се сега ти
Молисе за земјата да не мириса на свеж гроб.



Смрта на стравот



Мангупи градски
Во мраков темен пукаат
Неконтролирано,збеснато
Стравот свој го стрелаат
На периферијата пуста
Губилиште тие тука направија
На два чекори
Гроб три прсти длабок му ископаа
Околу две бразди тргнаа
Две суводолици станаа
Ангелите дојдоа
Химната на стравот ја запеаа
Тогаш црните коски се видоа
Во гробот местото си го најдоа.



Стебло



Црно и труло стебло станав
Од пелин стебло израснав
Со сомневањата разни разлистав
Така суровиот студ го испраќав
Така мразови кршев
Така пролета ја дочекував
Копнеев по само една грутка сонце
Со копнежот за птица сонував
Напати на земјата грвовите и ги окајував
Ја молев за прошка
Зборовите јадосани ги истурав
Морав тогаш да ја раздиплувам ноќта
Ги распостилав ѕвездите
Итрица
Низ решето ѓаволско ги пушташе
Слаткиот шепот ќе го пратеше
Ќе легнев во нејасната
Недефинирана утроба на утрешнината
Ќе го заробев бесот на ветерот
Ќе ја припитомев здивената вода
Ќе ги слушав змиските карпи како пеат
Како ткаат на самовилскиот разбој
Руба невидлива со таинствени бои.




Рев душевен


Реви ранета душа
Од невидливоста се цеди живот
Под кожата остана малку надеж
Реви ранета душа
Со катинар зарѓан сака да го заклучи ревењето
Ревот ја натера
Јасиките и пролета да ја заборави
Темјанушките овенати да не ги види
Реви ранета душа
Самата на на себе си зборува
На мртвите им е сеедно
Ни камшикот на ветриштата не ги боли
Реви ранета душа
Глуви глуварчиња ревот го збираат
Привид и привиденија го земаат
На карпите варовник го лепат
Модрикавата тага на приквечерот
Го најде безимениот поток
Ги пушти уздите на времето
Го забрза со дрска брзина
Ревот го продолжи.



Аветна свадба


Запејте ветришта лути
Некој вечерва ќе ја земе смрта за невеста
Некој сонувал диви песни на свадбари
Земјата анот темен го отвори
Кркори гласот пригушен
Гладна е темнината зарем трпеза нема
Евеја ноќта се потпре со студени дланки
На оро се фатија дождовите и злокобните магли
Никој не ја знаеше молитвата
Ни птицата која исплашено треперееше
Не знаеше да кажи
Сурова судино поштедија младоста
Трошките на сомнежот мигот го сопреа
За волчјата песна просторот го прекрие
Прикриени срните плачеа со солзи невини детски
Никој не погледна во нив
Никој не ја виде топлината на животот
Запејте ветришта лути
Овде во камента клисура
И чекорите се проколнати.

<< 08/2009 >>
nedponutosricetpetsub
01
02030405060708
09101112131415
16171819202122
23242526272829
3031

MOJI LINKOVI

Moi Licni Sajtovi
www.cernodrimski.com
www.cernodrimski.hit.bg
www.cernodrimski.ucoz.ru
www.cernodrimski.blog.bg
www,makedonija.blogger.ba
www.nikodin.hit.bg
www.cernodrimski.ucoz.net
www.sajberpoezia.blog.com.mk

prijatelski sajtovi i blogovi
www.seljaksrba.blogger.ba
www.daki.hit.bg
www.slavkova.hit.bg

Preuzmi Besplatno

MOJI FAVORITI

BROJAČ POSJETA
18205

Powered by Blogger.ba