Миг Лудило
Миг Лудило
Во прегратките на ноќта некаде далеку
Плачот на детето се изгуби
Копнежот за уште една месечина остана
Тлее како пепелта во огништето заборавено
Крадешкум една мисла заминува
Остана глува тишина во глува доба
Цинични насмевки сенките разнесуваат
Стравот од пламенот на свеќата го немаат
Дојде и тој кобникот гласникот на несреќи
Да колва длабоко во душата распарталена
Црниот гавран црна песна запеа
Патилата ги разбуди во оро ги поведе
Ни полноќ уште недошло тивок крик евего
Го бара времето изминато со лажни надежи
Миг чекор ли е потребен извика детето
За ова лудило да измине сонот да пристигне
Фрагменти од едно утро
Пред погледот
Дива ранета птица летна
Недосонуван отфрлен сон
Со јатото гракаќи замина
Остана мачната самотија
Правлив и рѓосан часовник
Ѕиркаше срамежливо во времето
Клатното сега сила немаше
Миговите празни го поразија
Празнотијата пајажините му ги подари
Крадецот на идни чекори
Горделиво пладнето го зароби
Таа мала и смрдлива лага
Утре ќебиде подобро
Се налепи на муграта тажна
Маглата леплива
Белината беше ја приграбила
Со мистичност и страв ја исполни
Благородник авет сега шета
Благослов со клетва кажува
Само кандилото остана
И три грама осветено масло
Зракот на надеш да го чуваат
Така сеќавањата ги буричкаат
Дарот од боговите што го оставиле





















