Ѕвонливи Молитви
Ѕвонливи Молитви
Се креваат внебеса ѕвонливи молитви
липаат своја тага далечни земји
тоа е песна за мојата крвава душа
Ветерот ми цеди од очите солзи
во гората завива волк или волчица,сеедно ми е
останувам да се скаменувам под белата прекривка
им го слушам молкот на луѓето
наоколу испаруваат соништата на мојата младост
го нема веќе таму моето име
Од мојата крв цедам мелем за тагата
магиско вино за чудотворци
должен сум да го вратам времето барем еден ден
се молам во ова сказание да не сум веќе
роден како магла во магла
како ноќ во сенишна ноќ
празнина во празнина кои некои го викаат живот.
Баба Цана
Темни луѓе со бели сенки
тоа е она,што не е ни сон ни јаве
за ним и светлината е густ мрак насекаде
мислиш и бескрајот е нивна гробница
копнеат за гроб,за мрамор тежок
наказаниа на бесмртноста се тие
со черни чудеса,проклети и зли
зломори од очи им бие и снага пие
стравот нечиј и во коски го морничават
проклетие им е благослов
придушени татнежи од далечините ги навестуваат
невидени завојувачи на надежи станаа
никој,никој сега нема иднина
селската вештерка,Баба цана шрбава ука дели
Најдете блудница леунка,што пее пискаво
од рог вино нека пое,црвено или црно
три дни и три ноќи гола на јарец да јава
од мечка споулавен дроб нека јади
дира со крв од пес самотник нека брише
така и гробот ќе се повлече во гроб
така и рожбата ваша со име ќе се скраси
така и сонот ќе молкне,јавето ќе цвета





















